ФОТО: Иванов му подари на Клаус албум од Владимир-Четкар

Претседателот Иванов, за време на својата последна посета на Прага, се сретна со поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, на која му го подари албумот „Heavenly" од македонскиот џез-музичар Владимир-Четкар.

За возврат, македонскиот претседател доби џез-колекција, избор на поранешниот чешки претседател Клаус, направена по повод неговиот 70-ти роденден.

Двајцата претседатели, како љубители на џез-музиката, во август минатата година присуствуваа на настап на Владимир Четкар во Охрид.

07.08.2014 - 14:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега