Утре дел од Гази Баба без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје,  известува дека без вода утре ќе бидат корисници од неколку улици во Општина Гази Баба.  

Поради отстранување појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150мм, на ул. 16-та Македонска Бригада бб (Парк Шума Гази Баба), од 8:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 16-та Македонска Бригада, Јани Лукровски, Ташко Караџа, Трифун Хаџијанев и дел од потрошувачите од улица Бапчор.

05.07.2024 - 19:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега