Ново место за спорт и рекреација - две игралишта ќе никнат во Кавадарци

Заврши изградбата на две спортски игралишта во Кавадарци, со пари од локалниот буџет, информираат денеска од Службата за односи со јавноста на Општина Кавадарци. 

- Станува збор за спортски терени со идентични димензии 30 на 15 метри и секое со површина од 450 метри квадратни. Едно од игралиштата се наоѓа во дворот на подрачното училиште во Глишиќ со намена за одржување настава по физичко воспитување, а во термините без настава тоа е на располагање на жителите од тој дел на градот за спорт и рекреација. Вториот спортски терен се наоѓа на просторот зад зградите „Лепотици“ во новиот центар каде пред неколку месеци општината заедно со сопствениците ги отстрани диво поставените лимени гаражи. Овој терен е наменет за рекреација и спортски активност на граѓаните од тој дел на Кавадарци, соопштија од Службата.

Вкупната инвестиција на двете игралишта изнесува 1.600.000 денари.

07.08.2014 - 14:21
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега