Голем интерес за собирање боровинки во Кавадарци

Од почетокот на месецот со започнување на сезоната за собирање и откуп на боровинка во подружницата на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ од Крива Паланка издадени се вкупно 450 дозволи за собирање на други шумски производи за 2014 година.

- Покрај стопанисувањето со дрвниот фонд, Шумското стопанство „Осогово“ од Крива Паланка стопанисува и со споредните шумски плодови. Од почетокот на сезоната собирање и откуп на истите, во нашата подружница се издадени рекорден број дозволи на територијата на Република Македонија. Вкупниот број дозволи издадени на физички лица за собирање на други шумски производи од 1. август годинава изнесува 450, додека во фаза на склучување договори со ЈП „Македонски шуми“ за откуп на производите се 5 правни лица од општината, информираше директорот на ШС „Осогово“ од Крива Паланка, Влатко Митовски.

Митовски нагласи дека откупот на споредните шумски производи може да се врши исклучиво на откупни пунктови на регистрирани откупувачи каде физичките лица треба да ги предаваат собраните плодови.

- Откупувачите на плодови имаат обврска за исплата на одредена сума кон Јавното претпријатие „Македонски шуми“ по килограм. За секој откупен килограм боровинка правните лица плаќаат по 1,5 денари, додека за откупен 1 килограм печурки по 2 денари, појасни Митовски.

Според него, исклучително важно е почитувањето на пропишаните рокови за собирање, за што, нагласи, се врши постојана контрола и инспекција од страна на овластените контролни органи.

- Екипите на нашето претпријатие се постојано на терен заедно со шумската полиција и досега не се утврдени прекршувања на законските одредби од страна на физичките лица, но наша задача е утврдување и неправилности при собирањето и евидентни штети на популацијата боровинки од несоодветните начини на собирање,рече Митовски.

Овластените служби кои ќе утврдат неправилности при собирањето на кој било вид плодови можат да го ограничат или забранат истото, но и доколку собирачите предизвикуваат штети на животната средина расфрлајќи отпадоци, сечејќи гранки и стебла од шумата и палејќи отворен оган на местото на собирање, по што против прекршителите ќе бидат превземени соодветни законски мерки. Собирањето и откупот на боровинка ќе трае до 15. септември годинава.

07.08.2014 - 14:44
Фото: 
доктори.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега