Намален бројот на заразни болести во Кривопаланечко

Во текот на јули во подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Крива Паланка регистрирани се вкупно 17 заболени од акутни заразни болести со општ морбидитет од 69,8 на 100.000 жители од општините Крива Паланка и Ранковце.

- Овој месец во споредба со јуни годинава се регистрира намалување на бројот на заболени за 34,5 отсто, додека во споредба со јули минатата година има намалување на бројот на заразни заболувања за 31,9 отсто. Месецов повисок морбидитет е регистриран во општина Ранковце со вкупно пријавени 5 случаи на акутни инфективни заболувања со општ морбидитет 128,6 на 100.000 жители , додека во општина Крива Паланка се пријавени 12 случаи со општ морбидитет,информираше доктор Елена Крстевска од Подрачната единца на Центарот за јавно здравје од Крива Паланка.

Според Крствеска она што е специфично за овој период од годината се цревните инфекции, кои се најбројни според групната класификација на заболувања.

- Во однос по групите на заболувања и овој месец имаме најголем број пријавни случаи од групата на цревни инфекции, вкупно 14 регистрирани случаи на ентероколити или 82,4 отсто од вкупно пријавените случаи на заболени од заразни заболувања. Од останатите заразни заболувања на второ место со два регистрирани случаи или 11,8 отсто се еден случај на хепатитис Б и еден заболен од шуга, додека групата на капкови инфекции се на трето место со само со еден регистриран случај на инфективна мононуклеоза или 5,8 отсто од вкупно пријавените заразени месецов, изјави Крстевска.

Крстевска потенцираше дека во јули нема регистрирано случаи од групата на зоонози, а како што рече, значаен е фактот што вкупниот број на заразни болести кај населението од двете општини се намалува по однос на истиот период изминатите години. 

07.08.2014 - 15:26
Фото: 
журнал
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега