МОН: На дипломите од странство им се проверува веродостојноста

Министерството за образование и наука соопшти дека ја следи актуелната состојба со  универзитетите во Албанија, каде што се откриени фалсификувани дипломи. МОН наведува  дека македонските студенти кои дипломирале во странство  поминуваат постапка за проверка на веродостојноста на дипломите, регулирана со Законот за високо образование.

- Сите студенти кои дипломирале во странство, до Министерството за образование и наука треба да достават оригинални и валидни документи кои се потребни за извршување на постапката за нострификација. Таа е во надлежност на  Информативниот центар за еквиваленција и признавање на дипломи, служба во рамките на МОН, која упатува  барање за проверка на валидноста на странскиот високообразовен документ, односно неговиот носител до институцијата која го издала документот и ја проверува акредитацијата на странската високообразовна установа, соопшти МОН.

 

 Во сите случаи кога има барање за проверка на валидноста на странски високообразовен документ, Министерството за образование и наука одговара согласно со законите на Република Македонија, нагласува МОН.

07.08.2014 - 16:29
Фото: 
фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега