Листеријата и се заканува на месната индустрија?

Случајот со листеријата во месните производи на месарницата Екстра меин каде што беше детектирано присуство на оваа бактерија ќе се одрази врз целата месна индустрија, анализира Лидер.

Граѓаните веќе внимаваат што купуваат, повеќето апстинираат од сувомеснати производи овој период.

-Иако сум скептична за речиси сите производи што ги купувам, сега сум посебно внимателна со сувомеснатите производи и гледам да ги избегнувам овој период, вели Марија од Скопје.

И пензионерот Стојан вели дека информацијата дека во сецкан свински врат имало листерија го натерала повеќе да не купува сувомеснати производи.

-Иако не сум љубител на сувомеснати производи, знаев да се замезам со пријателите. Но, сега со сите овие бактерии, човек веќе не знае што да јаде. Нема веќе со сигурност да купувам, вели тој.

Од “Екстра меин” веќе се огласија и демантираа дека во нивните производи нема од бактеријата листерија”

-Не е можно од нашата компанија да излезе термички необработен производ. Сите производи, вклучително и сецканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 Целзиусови степени, што значи загарантирано се уништува бактеријата листерија. На почетокот на годинава, според редовниот план за мострирање, земени се 158 мостри од производи и 112 брисови (69 од машини и работни површини и 43 од работници). Сите добиени резултати се нагативни на присуство на каква било бактерија ,велат од Екстра меин”.

Месната индустрија веќе е потоната во криза, коментираат познавачите. Најмногу поради напливот на увозни месни преработки кои  им создаваат нелојална конкуренција. 

Целата анализа на Лидер.

08.08.2014 - 09:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега