Продукциска куќа од Јапонија снима филм за Македонија

Јапонска продукциска куќа започна со снимање на филм за Македонија. Како што пресува Охридњуз, филмот ќе биде со познатиот јапонски актер Seiichi Tanabe, а ќе биде емитуван на јапонската телевизија „FUJI“ прикажувајќи ја нашата држава како неоткриена туристичка дестинација која е потребно да биде посетена од јапонските туристи.

-Снимањето на документарно-играниот филм започна на 29-ти јули 2014 година и до сега опфати повеќе локации низ Македонија познати по својата убавина, историја, археологија, локални специјалитети, туристичка понуда и природни убавини, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

08.08.2014 - 11:15
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега