Поевтино лекување за иселениците со странски пензии и измени во правилникот за ин-витро

Фондот за здравствено осигурување денеска најави две новини.

-Првата новина се однесува на измени во Правилникот за биомедицинско потпомогнато оплодување (ин-витро) со цел да се овозможи и олесни постапката за остварување на правото на осигурениците-брачни парови кои се лекуваат од стерилитет, која ќе почне да се применува од 16 август 2014 година. Со овие измени се овозможи осигуреничките кои имаат ограничена оваријална резерва на јајниците и отстапување од нормалните вредности  на одредени  хормони првиот обид во постапката за БПО со сопствен репродуктивен материјал (јаце клетки) да биде на товар на средствата на Фондот, истакна денеска Бранко Аџигогив, портпарол на ФЗОМ.

Во период јануари- јули 2014  година  во постапкита за БПО за прв обид за прво дете 650 парови оствариле право а за второ дете 100 парови оствариле право на инвитро на товар на ФЗОМ.

 -Втората новина се однесува на Владиниот проект „Права на иселениците во здравствениот систем“. Досега иселениците кои оствариле право на пензија во странска држава,а кои имаат Македонско државјанство при привремен или траен престој во Р.Македонија, плаќаа здравствен придонес со највисока стапка и поради тоа одбиваа да плаќаат здравствено осигурување и се лекуваа на приватно, истакна Аџигогов.

Досега во здравствено осигурување се пријавиле 105 лица кои плаќат секој месец здравствено осигурување во просек од 10.000 денари, а највисоките придонеси се 13.560 денари.

Од оваа причина цената на здравственото осигурување е намелна на 2.256,00 денари, со што се очекува да се зголеми бројот на осигуреници приматели на странска пензија.

08.08.2014 - 12:58
Фото: 
kanal5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега