„Враќање“ на Дина Дума доби прва награда во Херцег Нови

Во рамките на студентската програма на филмскиот фестивал во Херцег Нови, краткометражниот игран филм „Враќање“ во режија на Дина Дума доби прва награда. Гран-при и е доделено од жирито на фестивалот за најдобар филм во целост.

„Враќање” е  дипломски филм на Дина Дума, дипломиран филмски режисер во класата на проф. Столе Попов, и на Наум Доксевски, дипломиран филмски снимател во класата на проф. Апостол Трпевски, студенти на Факултетот за драмски уметности од Скопје.

Во главните улоги се појавуваат Ивана Павлаковиќ и Димитрија Доксевски. Дел од екипата се Софија Куновска, Никола Ристановски и Владо Јовановски, како и младите актери Кристина Леловац, Ивица Димитријевиќ, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Аксел Мехмет и Александар Вељановски.

„Враќање“ е комплетен продукциски производ на Факултетот за драмски уметности, снимен со буџет од Филмскиот фонд на РМ.

На фестивалот во Хергец Нови беа прикажани уште два играни краткометражни филма и еден документарен филм во продукција на Факултетот за драмски уметности - „Шекспирова 9/1”, „Аудиција” и „Вонземјанинот Ли”.

Скопската премиера на „Враќање”, како и на „Шекспирова 9/1” и „Аудиција”, е закажана за крајот на септември.

08.08.2014 - 15:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега