Повеќе од 6.000 лица уживале во поволностите за превоз со железницата

Македонски железници го реализира вториот викенд за бесплатно возење на сите возрасни лица во земјава. Досега поволностите ги искористиле илјада возрасни лица, 3.500 млади лица до 27 години,  600 студенти и илјада лица кои купиле билет со попуст.

Директорот за маркетинг и продажба во Македонски Железници, Кире Диманоски денеска потсети дека Владата минатиот месец донесе одлуки со кои се овозможи бесплатен железнички превоз во одреден период од месецот> - Со првата мерка е предвидено постарите лица, односно жените над 62 години и мажите над 64 години кои ќе можат бесплатно да се возат секој втор викенд во месецот. Втората мерка ги опфаќа младите до 27 години за кои е предвиден третиот викенд во месецот. Во третата се опфатени студентите кои ќе добијат 50 проценти поевтин билет преку цела година, а четвртата мерка се однесува исто за студентите кои ќе добијат бесплатен четврток во неделата. Петтата мерка се однесува за сите граѓани на Република Македонија, а тоа е билет за десет возења со 30 проценти попуст, истакна Диманоски.

За да го користат бесплатниот превоз, возрасните лица треба на благајните на железничките станици да приложат лична карта и врз основа на тоа ќе им биде издадена карта, во која е вклучено и осигурувањето. На оние железнички станици на кои не постојат благајни и на кои не може да се извади билет, патниците тоа може да го сторат по влегувањето во возот кај кондуктерот.

08.08.2014 - 15:44
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега