Во Вевчани промоција на македонски народни умотворби

Во рамки на Вевчанското културно лето – 2014, вечер  во 18 часот ќе бидат промовирани шест книги со „Македонски народни умотворби“ од областа Голо Брдо во Албанија, од Цветан Мазнику и проф. д-р. Вита Која од Тирана.

Според двајцата собирачи на македонските народни умотворби, нивната активност се одвивала повеќе децении и претставува значаен фолклорен труд, зашто творбите се запишани од над стотина Македонци. Со тоа, велат, е сочуван автентичниот мелос и мајчиниот македонски јазик од Голо Брдо.

Шестте книги претставуваат вистински драгоцен ѓердан на Македонците и на нивните традиции во Албанија што е уште една потврда за нивното присуство таму.

За овој капитален издавачки проект што опфаќа над 3.000 печатени страници, а е издание на здружението на македонците „Мир“ во Албанија, ќе зборуваат д-р. Ели Луческа, директор на Институтот за старословенска култура од Прилеп и Сашо Цветковски, директор на Националната установа – музеј „ д-р.Никола Незлобински“ од Струга.

Вечерта, во рамките на Вевчанското културно лето ќе биде прикажан и филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски. 

09.08.2014 - 10:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега