МВР распиша конкурс за правно лице за Испитен центар во Битола

Министерството за внатрешни работи распишува јавен конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за испитен центар Битола.

Право на учество на јавниот конкурс, како што соопшти МВР, има секое правно лице, кое ги исполнува условите предвидени во член 263 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и критериуми утврдени во Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити, просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри, водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити и за формата и содржината на лиценцата за испитен центар.

- Испитниот центар-Битола треба да поседува простории и материјално-технички капацитети потребни за вршење на работите на организирање и спроведување на возачки испит за кандидат за возач и проверката на стручноста на возач-инструктор, во седиштето треба да има соодветни простории за административно работење на референтите и испитните комисии и другите вработени, пријавувањето на возачкиот испит кандидатите треба да го вршат во посебни простории за пријавување во Испитниот центар или во неговата подружница, треба да има соодветни простории за изведување на теоретскиот дел од возачкиот испит, кои обезбедуваат услови за спроведување на теоретскиот дел од возачкиот испит за најмалку 30 кандидати за возачи и да ги исполнуваат критериумите согласно прописите од областа на образованието и воспитанието, а во просториите треба да биде поставена и опрема за аудио и видео надзор која овозможува аудио и видео записи на спроведувањето на теоретскиот дел од возачкиот испит. Испитниот центар задолжително треба да има уреден простор за изведување на првиот практичен дел од возачкиот испит (полигон), што обезбедува услови за непречено спроведување на возачкиот испит и да има важечко одобрение за оспособување на кандидатот за возач од Министерството за внатрешни работи во согласност со Министерството за транспорт и врски и да обезбеди моторни возила од сите категории и поткатегории, опремени за спроведување на практичниот дел од возачкиот испит, се бара во конкурост.

Според него, Испитниот центар-Битола треба да има стручен кадар согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за извршување на работите на организирање и спроведување на возачкиот испит за кандидат за возач треба да има раководител на испитниот центар, испитни комисии, контролор на работата на испитните комисии, референти за пријавување на возачки испит, зависно од бројот на пријавни места, стручни лица-членови на комисијата за проверка на стручноста на возачите-инструктори, друг технички персонал.

Потребно е да поседува и соодветна информатичка опрема и посебна софтверска апликација што овозможува воспоставување и водење единствена база на податоци за спроведување на возачкиот испит, документацијата, стручната анализа и стручниот надзор, како и пристап за користење на апликацијата за спроведување на електронско полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит и интернет конекција за седиштето на Испитниот центар-Битола и подружниците од минимум 1 мб/с, наменета исклучиво за електронско полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит.

Испитниот центар, како што е наведено во јавниот конкурс, треба да има најмалку три испитни комисии.

Учесниците на јавниот конкурс треба да достават пријава и документи за исполнетоста на условите во рок од 20 дена од денот на објавување на јавниот конкурс, до Министерството за внатрешни работи, улица „Димче Мирчев“ бр. 9 Скопје, 1000.     

- Изборот на правно лице, кое ќе добие лиценца за Испитен центар-Битола ќе се изврши од пријавените учесници на јавниот конкурс кои ги исполнуваат условите од страна на Комисија на Министерството за внатрешни работи формирана согласно член 58 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри, водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити и за формата и содржината на лиценцата за испитен центар, соопшти МВР.

Во рок од 15 дена од спроведување на изборот на правното лице, Министерството за внатрешни работи ќе го овласти Испитниот центар-Битола на територијата на Република Македонија согласно организацијата на соодветната организациска единица-Сектор за внатрешни работи на Министерството и тоа: Испитен центар со седиште во Битола.

09.08.2014 - 11:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега