Цветков најави либерализација на увозот на пестициди

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков ги објасни измените во законот на земјоделските производи кои ги најави неодамна.

- Во разговорите со лозарите тие ме информираа дека оваа година околу 20% за заштита на грозјето е во цената на самото грозје. Од таа причина ставката за овие заштитни средства е доста висока и во тој правец ние во министерството покренавме една иницијатива за измени и дополнување на Законот за пестициди каде што имајќи во предвид дека сега законот дозволува на мала група на луѓе да ги увезуваат овие пестициди. Идејата е да направиме либерализација за увоз на пестициди, односно каде што ќе дефинираме кои има услови за  увоз на овие средства, без разлика на тоа дали има или нема застапник. Првенствено ќе се обрнува внимание на квалитетот на овие пестициди, каде ќе биде основно да има декларација на македонски јазик на секое заштитно средство. За време на увозот ќе се зема примерок каде во државната фитосанитарна лабораторија  ќе се изврши проверка на истиот и доколку одговара на она што е пропишано ќе биде пуштен во употреба.

Министерот додаде дека законот мора да содржи и казнени мерки доколку некој од увозниците ги прекрши овие мерки и правила, односно одземање на лиценцата за увоз на средства.

Тој додаде дека разговарал со лозарите и претставници на винариите, па истакна дека лозарите сакаат повисока цена до 2 денари додека пак винариите сакаат да остане истата цена како минатата година.

09.08.2014 - 11:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега