Струмичани посредувале за добивање азилатски статус за во ЕУ

Двајца струмичани посредувале за добивање азилантски статус во неколку држави членки на Европската унија за сума од 200 до 300 евра од член на семејство.

Како што соопшти МВР, против М.М.(40) и О.А.(39) двајцата од Струмица, од СВР Струмица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставиле  кривична пријава поради постоење основано сомневање  дека пријавените сториле кривичното дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“.

- Имено, прво и второпријавениот во текот на минатата година со цел да се стекнат со имотна корист  врбувале, поттикнувале, организирале и превезувале лица  во државите од Европската унија и Шенгенскиот договор најчесто во градот Дортмунд, Германија со цел лицата да се стекнат со економски и социјални права што е спротивно на правото на Европската унија на прописите на Европската унија, Шенгенскиот договор и на меѓународното право. Пријавените организирањето и транспортот го вршеле на лица од повеке населени места од општините Струмица, Василево и  Босилово при што најчесто се користени патнички возила од марките „Форд Галакси“, „Пасат”, „Шаран”, „Форд Транзит” и „Фиат Дукато” сите со струмички регистарски ознаки, се наведува во соопштението.

09.08.2014 - 14:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега