Рецепт: Сникерс за само 10 минути
Подгответе феноменален десерт за само 10 минути.
Еве што ви е потребно за да направите домашен сникерс:
* 300гр шеќер
* 2,5дл вода
* 250гр маргарин
* 100гр чоколадо
* 400гр бисквити
* 300гр сецкани печени кикирики
* 2 лажици мед
Состојки за глазурата:
* 100гр чоколадо
* 4 лажици масло
* 20гр маргарин
Начин на подготовка:
Сварете го шеќерот во водата, па додадете го маргаринот и чоколадото. Тргнете го садот од оган и додадете 400 грама ицкршени бисквити и 300 грама ситно сецкани печени кикирики. Топлата смеса ставете ја во плех, премачкајте ја со мед, па ставете ја глазурата.
Подготовка на глазурата:
На тивок оган истопете 150 грама чоколадо, 4 лажици масло и 20 грама маргарин. Со оваа глазура полиете го колачот.
Извор: Попара
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа