Над 700 бесни и недисциплинирани возачи се најдоа во бележникот на сообраќајниците

Изминататa недела во Скопје сообраќајната полиција санкционирала 723 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Како што информираат од МВР, кај 38 возачи било утврдено дека управувале возило под дејство на алкохол, 62 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 24 возачи, кај 29 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Над дозволената брзина управувале 36 возачи, а  28  управувале возило со над 90 километри на час во населено место. Изречени се и 21 прекршок за некористење на сигурносен појас, 47 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 32 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин и 206 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање.

Полицијата казнила девет возачи за недавање на првенство на минување на пешаци, двајца за недавање првенство на минување, четворица за непрописно престројување. Изречени се 14 прекршоци што ги сториле пешаци, за непрописно престигнување изречен е еден прекршок, кај осум возила е утврдена техничка неисправност  и со пајак службата подигнати се вкупно 196 возила.

Изминатиот период, од промоцијата на проектот „Предложете сообраќајна контрола”, на веб страницита на Министерството за внатрешни работи пристигнале и вкупно 73 предлози од граѓаните од повеќе градови низ Република Македонија.

- По постапувањето на сообраќајната полиција по предлозите добиени од страна на граѓаните беа констатирани повеќе прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај. Притоа беа изречени вкупно 63 мерки, 39 покани и 27 платни налози за констатираните прекршоци, се наведува во соопштението.

10.08.2014 - 13:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега