Пораст на семејното насилство во однос на минатата година

Годинава се регистрирани 389 кривични дела, по основ семејно насилство, што претставува за 16% повеќе од минатата година. Со повремени падови па растежи, трендот на кривични дела по основ на семејно насилство континуирано расте, и е забележан пораст кај поплаките од граѓаните против членови на нивното семејство за 3,4%.

Најмногу жители пријавиле насилство во Битола, а најмалку во Скопје и Тетово, велат од МВР. 

Речиси кај сите дури 93% од случаите мажот бил тој кој што насилнички се однесувал кон останатите членови од семејството, а според роднински врски 49% од нив е сопругот. Кај 19% е синот, додека кај 9% е вонбрачниот сопруг.

67 отсто од кривичните дела се телесни повреди, а 30 отсто загрозување на сигурноста. Во последните шест месеци регистрирани се и две убиства по основ на семејно насилство.

167 кривични дела ги сториле лица во состојба на психичко растројство, а во 95 случаи сторителите биле под дејство на алкохол. При извршување на три кривични дела сторителите користеле наркотична дрога.

Како и кривичните дела, така и прекршоците, претежно ги извршуваат лица од машки пол, односно 94 отсто од вкупниот број, и тоа најчесто сопрузи или синови. Од вкупно 152 прекршоци, во 26 случаи сторителите биле под дејство на алкохол, во 19 случаи при психичко растројство, а во еден случај при уживање на дрога.

10.08.2014 - 14:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега