Котески ги отвори спортските натпревари по повод Денот на АРМ

Спортот нека ве зближува, а во натпреварите нека победат најдобрите, им порача денеска началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески на припадниците на армијата, учесници во спортските натпревари кои се одржуваат на Воениот аеродром во Скопје, по повод одбележувањето на Денот на АРМ - 18 Август.

- Спортот е значаен фактор во армиската обука и физичката подготвеност, но и во развивањето на натпреварувачкиот дух кој може само да придонесе да бидете се подобри во извршувањето на вашите задачи. Пoкрај тоа, спортот зближува, а целта на армијата е да биде една цврста целина, нагласи началникот на ГШ на АРМ, Котески.

Во наредните два дена ќе се одржат финалните натпревари во крос трчање, мал фудбал, кошарка, одбојка, шах и пинг-понг.

 

11.08.2014 - 11:15
Фото: 
канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега