Пресврт: Нема листерија во свинскиот врат на „Екстра Меин“

Вакумираниот чаден сечкан свински врат на „Екстра Меин“ земен од малопродажен објект во Гевегелија нема листерија. Ова се првичните резултати од суперанализата направена на Факултетот за ветеринарна медицина што компанијата ги доби претпладнево.

Во текот на денот се очекува да пристигне и втората суперанализа изработена од Институтот за јавно здравје.

За анализа беа земени мостри од двата производствени лота на сечкан свински врат повлечени од малопродажба, како и од фолија за пакување.

- Ова покажува дека производите излезени од погоните „Екстра Меин“ се произведуваат по сите светски стандарди за безбедност и квалитет на храна, соопшти компанијата.

Во врска со случајот и изнесените наводи дека во вакумираниот свински врат на „Екстра Меин“ не е пронајдена листерија, Министерството за здравство попладневно ги достави во оригинали известувањата од центрите за јавно здрваје во Велес и Гевгелија од 5 август кои потврдуваат дека има листерија во сецканиот свински врат на „Есктра Меин“, земен од продажен објект „Алди - М“ Гевгелија.

Во известувањето од велешкиот Центар за јавно здравје за примероци земени на 23 јули стои дека во една од петте анализирани мостри е најдена бактеријата. Позитивната мостра на 30 јули е препратена во Институтот за микробилогија при Медицинскиот факултет во Скопје од каде на 4 август потврдиле дека се работи за листерија моноцитогенес. Примерокот е проследен до Ветеринарниот факултет за ДНК анализа (типизација). Добиениот резултат одговарал на примерокот излоиран од заболените лица.

Центарот за јавно здрваје Гевгелија на 5 август во стручното мислење наведува дека сечканиот свински врат на „Екстра Меин“ не одговара на Правилникот за посебните барања на микорбиолошките критериуми во храната, однсно не одговара за употреба поради микробиолошка неисправност бидејќи е утврдено присуство на листерија.

Се огласи и Агенцијата за храна и ветеринарство чии инспекциски служби зедоа мостри за лабораториско испитување од спорните лотови од производот сечкан свински врат, од работните површини, машините и од сите други места во погонот на „Екстра Меин“.

Резултатите од испитувањата на Факултетот за ветеринарна медицина, како и дел од резултатите од анализираните мостри  во Институтот за јавно здравје се пристигнати, но ќе бидат објавени утре, по нивното комплетирање

12.08.2014 - 18:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега