Четири жени потешко повредени во судирот на двата автобуси
Четири жени од Крушево се потешко повредени во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи при судир на два автобуси на патот Битола-Демир Хисар во близина на местото викано Бели Мост.
Сите повредени се хоспитализирани во Клиничката болница во Битола, дел се задржани на понатамошно лекување, а дел пуштени на домашно лекување. Потешко повредените жени се наоѓаат надвор од животна опасност.
Во несреќата 52-годишната В.Т. се здобила со скршеница на левата клучна коска и набиеница на главата, фрактура на носната коска има 30-годишната Д.М., додека 40-годишниот С.С. е задржана со фрактура на коленото. На интензивна нега, но надвор од животна опасност е 45-годишната Д.П.
Вкупно во сообраќајката се поврдени 21 лице.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа