Владата продолжува со грижата - комплетно опремени станови за децата без родители

Со средства од Владата, комплетно се опремуваат становите кои ќе бидат доделени на децата без родители во Струмица, Гевгелија и Радовиш. За ова денеска информира раководителот на подрачната единица на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од Струмица Александар Маџаров.

- Досегашната пракса покажа дека поради слабата финансиска состојба, дел од доделените станови на деца без родители остануваа подолго време невселени. Токму затоа со помош на Владата сега вршиме комплетно опремување на становите со неопходен мебел и бела техника со цел создавање на основните услови за живот, рече Маџаров.

Конкурсот за решавање на станбеното прашање е во тек. Ќе бидат доделени 12 опремени станови - седум во Струмица, четири во Гевгелија и еден во Радовиш. 

13.08.2014 - 12:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега