Пониски продажните цени на индустриските производители

 

Продажните цени на производителите
на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,2 отсто на месечно и за 0,7 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јули годинава, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 отсто, во групата Капитални производи и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто и во групата Енергија за 0,1 отсто, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка не се променети.

Во јули годинава, во споредба со јули лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,2 отсто. 

13.08.2014 - 15:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега