Среде излетничко место близу Свети Николе пронајдени човечки коски

 

Во близина на излетничкото место Ѓуриште, кај Осогово, 40-годишниот  Ј.Д. од Свети Николе пронашол две човечки коски. Според податоците од полицијата, пронајдени се повеќе човечки коски и влакна за кои од страна на др. З.Ј. е констатирано дека претставуваат дел од човечки скелет.

Пронајдените коски се предадени на Инсистутот за судска медицина на понатамошна постапка, а полициската станица во Свети Николе превзема мерки за утврдување на идентитетот на лицето и документирање на случајот.

14.08.2014 - 11:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега