Банкар од Струмица украл пари од клиент - еве што се случило

 

Струмичанец си ја искористил службената положба, поради што ќе одговара кривично. Се работи за 55-годишниот  Ј.С. инаку вработен како референт на благајна во Универзална ивестициона банка-Есплозитува Струмица.

Според податоците од полицијата, струмичанецот три пати си подигнал парични средства во висина од 10.000 евра од сметка од клиент на банката, а за подигнатите парични средства изготвил банкарски документи-девизни исплати, а на местото на документите назначено за потпис на примателот ставил потпис во име на сопственикот на сметката како тој да ги има подигнато паричните средства.

 

15.08.2014 - 12:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега