На 19. септември ќе се одредат градовите домаќините на Евро 2020

 

Извршниот одбор на УЕФА на 19 септември во Женева, Швајцарија ќе ги одреди 13. градови во кои ќе се играат натпреварите на Европското првенство 2020 година.

Македонскиот главен град Скопје со Националната арена „Филип Втори“ се во кругот на потенцијални градови домаќини на ова ЕП. Кандидатурата е поднесена од страна на Фудбалската федерација на Македонија.

Уште 18 други европски градови испратија кандидатура за организација на првенството во годината кога УЕФА одбележува 60 години од првото Европско првенство.

Кандидатура за организација на ЕП 2020 поднесоа следните држави: Македонија (Скопје), Азербејџан (Баку), Белорусија (Минск), Белгија (Брисел), Бугарија (Софија), Данска (Копенхаген), Англија (Лондон), Германија (Минхен), Унгарија (Будимпешта), Израел (Ерусалим), Италија (Рим), Холандија (Амстердам), Р. Ирска (Даблин), Романија (Букурешт), Русија (Санкт Петербург), Шкотска (Глазгов), Шпанија (Билбао), Шведска (Стокхолм) и Велс (Кардиф). 

15.08.2014 - 15:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега