"Дај ги парите или никогаш нема да си го видиш детето" - хорор за мајка од Валандово
Вистинска драма се одвивала во Валандово. Пред два дена во 6 часот Ж.К. од Валандово со уште едно непознато лице, на автобуска станица го земала детето на 31-годишната Д.К. со намера да го носи во Битола поради долг.
Според податоците од полицијата, откако тргнала да оди кон Битола, пријавената застанала и побарала од несреќната жена да и врати долг ако сака да си го види детето. Откако се договориле Ж.К. и го вратила детето и заминала да се договори со нејзините родители за пари.
За делото кое го направила ќе си заработи соодветна кривична.
16.08.2014 - 11:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа