Крадците викендов направиле „парче"

 

Крадците викендов направиле парче. Ноќеска на улицата „Радое Дакиќ“ во Скопје непознат сторител извршил тешка кражба во куќата на С.П. од Скопје при што одзел еден пиштол марка „Црвена Застава“ и една рамка со 7 куршуми со оригинал кутија од пиштолот, златен накит и лап топ компјутер. Сторителот со употреба на физичка сила го отворил прозорот од дневната соба, извршил пребарување по што ги одзел наведените предмети. 

Во  периодот од 11 до 16 август годинава во тетовското село Челопек непознат сторител извршил тешка кражба во куќата на 33-годишниот Е.Б. при што одзел 100 евра, разновиден златен  накит, мобилен  телефон и повеќе видови женски и машки часовници, во вкупна вредност од околу 480.000 денари. Сторителот го скршил прозорското стакло  од  приземјето   од  куќата, од каде влегол внатре, извршил пребарување по сите соби и откако ги одзел наведените предмети, заминал во непознат правец. 

СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против К.К.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба". Пријавениот во временскиот период од 1 до 2 октомври на релација Битола-граничен премин Богородица-Евзони (Р.Македонија-Р.Грција) од бродски контејнер (кој пријавениот го превезувал со камион), со намера да се стекне со противправна имотна корист, на непозната локација, извршил истовар на 11.628 кгилограми тутун (76 кутии по 154 килограми секоја кутија). На нивно место утоварил повеќе кубици пресно буково огревно дрво, со цел да ја надомести тежината на одземениот товар. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист и воедно ја оштетил Медитеранска бродска компанија МСЦ, со претставништво во Скопје за сума од 98.380 УСД или околу 4.430.000 денари. 

17.08.2014 - 12:30
Фото: 
сител
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега