Ја соблекол мајка си па ја претепал - хорор за кумановчанка
Уште една семејна драма ја потресе Македонија. Во текот на вчерашниот ден околу 11 часот и 30 минути 58-годишната Ѓ.К. од Куманово пријавила дка нејзиниот син два пати ја претепал.
Според податоците од полицијата, завчера синот на кумановчанката ја удирал со клоци и тупаници при што и нанел видливи повреди, додека вчера, ја соблекол и и земал 200 евра.
Несреќната жена е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје каде и е констатирана фрактура на главата.
17.08.2014 - 22:00
Фото:
локално
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа