Крвава тепачка во гостиварско - двајца завршија на Ургентен

 

 

Крвава тепачка се одвивала синоќа во гостиварско. Според податоците од полицијата, настанала тепачка помеѓу 76-годишниот Д.Н. 24-годишниот А.Е. и 22-годишниот Ќ.Џ. од една страна и 48-годишниот Ш.Ш. 42-годишниот Н.Ш. и 17-годишниот Е.Ш. од друга страна.

Во тепачката со телесни повреди се здобиле лицата А.Е. и Ќ.Џ., а на истите им е укажана лекарска помош во Медицински центар Гостивар, додека Д.Н. поради сериозност на повредите е пренесен во Клинички центар Скопје.

По преземени мерки во ПС се приведени Ш.Ш., Н.Ш. и Е.Ш., по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

20.08.2014 - 11:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега