Бабичка од Македонија со години била тепана од сопругот

 

72 - годишна жена од Македонија со години преживувала семејно насилство. Три години постариот сопруг физички и психички ја малтретирал, раскажа пред камерата на Канал 5, но побара идентитетот да и биде сокриен. Насилството се интензивирало, особено последниве 2-3 години откако се развел,е но таа и понатаму живеела со него во иста куќа, но во различна соба. Избувнува без ништо и ме тепа- раскажува за телевизијата оваа жена за дел од кошмарот што го живеела.

-Последен пат била нападната минатиот месец и оттогаш живее со нејзината ќерка која се снаоѓа бидејќи нема свој дом во Скопје. Ќерката која е самохрана мајка раскажа за маките на мајка си. Вели, татко и нејзе ја навредувал и ја бркал, објави Канал 5.

Од МВР за телевизијата велат дека за последниот инцидент што се случил на крајот на јули сопругот добил прекршочна пријава да плати парична казна за нарушување на јавен ред и мир, поточно за малтретирање друг во стан.

20.08.2014 - 16:36
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега