Крадците синоќа направиле „парче" - еве што се случувало

 

Во Скопје на улицата „Никола Мартиновски“ во магацински простории сопственост на 38-годишниот М.И. од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба при што се одземени 500 пара патики. Крадецот се стекнал со 360.000 денари.

Исто така, во текот на вчерашниот ден во Врапчиште, гостиварско, во семејната куќа на 67-годишниот З.З. од страна на непознат сторител со употреба на физичка сила извршена е тешка кражба при што се одземени разновиден златен накит и 8.500 евра, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 38.500 евра. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(25)поради постоење основи на сомнение дека истиот сторил три кривични дела “тешка кражба”, три кривични дела “тешка кражба” во обид и едно кривично дело “разбојништво”. Имено пријавениот со цел за себе да прибави противправна имотна корист на различни локации во Битола влегувал насилно во куќи и станови при што во три случаи бил спречен од страна на сопствениците, додека во други три случаи успеал да одземе разновиден златен накит и пари со што причинил материјална штета во вредност од 28.500 денари. Исто така Е.Ќ. извршил разбојништво над Д.Т.(72) при што и одзел златен накит и 700 денари стекнувајќи се со противправна имотна корист од 15.000 денари. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

21.08.2014 - 12:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега