500 пара патики украдени од магацин во Скопје
Од магацински простор во сопственост на скопјанецот М.И. украдени се 500 пара патики чија вредност се проценува на 360.000 денари.
Засега, непознато лице со употреба на погоден предмет влегло во магацинот лоциран на улицата „Никола Мартиновски“ во Скопје од каде ги украл патиките.
Полицијата превзема мерки за пронаѓање на сторителот и расчистување на случајот.
21.08.2014 - 13:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа