Андреев: Фудбалери тепаа судија - секој доби тоа што заслужи
Тренерот на Вардар Сергеј Андреев се пожали на лошото судење на мечевите кои ги игра неговиот тим.
Рускиот стратег вели дека не бара Вардар да добива помош од судиите, туку бара фер 50-50 судење. Андреев обвини дека судијата толку многу сакал да им помогне на фудбалерите на Влазними, што воопшто не ја санкционирал нивната груба игра, па Вардар мечот го завршил со потешки повреди на двајца фудбалери.
-Јас видов два удари на судијата, а можеби имало и повеќе. Во една таква ситуација, обично фудбалерите на другата екипа го бранат судијата. Јас им забранив на моите играчи да го прават тоа. Знаете ли зошто? Затоа што тие се однесуваа дека никој ништо не им може. Тоа што го заслужил, тоа го добил. Јас видов два удара, а можеби имало и повеќе, изјави Андреев.
Инаку, Куп натпреварот против Влазними, Вардар го доби со убедливи 9:1.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа