Двојно убиство ги потресе охриѓани - крвава ноќ во Охрид

Крвава ноќ во Охрид. Две лица се убиени во оружен инцидент што се случи синоќа околу 30 минути пред полноќ во угостителскиот објект „Империјал“ на улица „15-ти Корпус“.

Според првичните полициски информации, засега непознато лице влегло во објектот и со истрели од пиштол убило две лица. Напаѓачот е во бегство и по него трага полицијата. Иако не се соопштува идентитетот на жртвите, неофицијално станува збор за сопственикот на угостителскиот објект.

Не се познати мотивите за инцидентот.

22.08.2014 - 09:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега