Левица: Изгореа скоро 10% од шумите - кој ќе одговара за тоа?

„Во момент кога нашата земја се соочува со една од најтрагичните еколошки катастрофи во последните децении, Левица изразува длабока загриженост и револт поради неспособноста на Владата да ги заштити нашите шумски богатства – изгореа над 94 000 хектари шума или 9,5 % од вкупната шумска површина, а одговорност нема“, велат од Левица.

„Пожарите што ја зафатија Македонија, не се само природна несреќа – тие се директен резултат на систематски пропусти и игнорантност кон животната средина. Според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), оваа година во Македонија изгореа над 94,000 хектари шума – бројка што е речиси еднаква на вкупните уништени шуми во последната декада. Ова е алармантен показател за способноста на Владата да управува со природните ресурси и да се справи со заканите од климатските промени. Шумите, кои претставуваат околу 983,000 хектари од нашата земја, се сериозно загрозени со 9.5% од вкупната шумска површина – уништена само за една година“, додаваат од партијата, од каде сметаат дека одговорност треба да понесе Владата, поради: недостаток на превентивни мерки, недоволно финансирање и опремување, бавна и хаотична реакција, како и поради отсуство на одговорност, се додава во реакцијата испратена до медиумите.

16.09.2024 - 19:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега