Уапсен еден од напаѓачите - еве што се случувало синоќа во Охрид

Синоќа двојно убиство го потресе Охрид . Доцна вечерта пред полноќ  во кафеаната “Император”  убиени се две лица. Двајца напаѓачи упаднале и после жестока  вербална расправија со огнено оружје го убиле сопственикот на ресторанот  56 годишниот  Васил  Ристески, кој  воедно беше  претседател на демохристијанска партија во Охрид и кандидат за градоначалник  на последните избори. Убиен е и неговиот пријател од  Лескоец 38 годишен Ромео Ѓузлески, кој бил во ресторанот, пренесува Канал 5.

Денеска пред кафеаната “Император” сместена  на излезот од Охрид кон Лескоец беше мирно. Соседите за Канал 5 видно потресени раскажуваа за настанот.

- Утрово слушнав за убиството. Катастрофа. Треба поригорозни казни, велат од соседните дуќани.

- Ги познававте ли убиените?  Да комшии тука ги знаевме. Многу фини луѓе. Ова е ужас, вели една соседка.

- Потресени сме ова е ужас, велат жителите.

После убиството напаѓачите веднаш се вдале во бегство. Утрово еден од нив е уапсен, а по вториот се уште трага полицијата, јавува Канал 5.

22.08.2014 - 10:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега