Полицијата трага по убиецот од Охрид - еве ги деталите

 

Едно лице е приведено, а едно е во бегство по синоќа извршеното убиство во Охрид. Како што официјално информира од полицијата синоќа околу 23 часот во летната тераса од угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 корпус“, триесет годишен охриѓанец кој е во бегство, со неколку проектили од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал тешко повредил две лица кои биле во локалот.

Повредените Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38) двајцата од Охрид, со возило на прва помош се пренесени во Оштата болница во Охрид каде била констатирана смрт. 

Од полицијата посочуваат дека на лице место извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител  како и полициски екипи.

Охридската полиција синоќа го уапсила Р.С. (30) од Охрид кој заедно со можниот сторител синоќа бил во угостителскиот објект „Император“. 

СВР Охрид презема засилени мерки за пронаоѓање на лицето што е во бегство и за кое постојат основи на сомнение дека е сторител на кривичното дело „Убиство“ по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

22.08.2014 - 11:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега