Сакал да му биде сопруга па ја киднапирал - хорор во штипско

Вистински хорор се одвивал вчера во Калузлија во Штип кога 26-годишната А.М. била киднапирана од страна на двајца насилници. 

Според податоците од полицијата, едниот ја фатил оштетената во пределот на рацете, почнал да ја влече, велејќи и дека ќе ја земе со него за да му биде сопруга при што истата давала отпор. Другото лице ја внело во патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки и се одалечиле во непознат правец.

Случајот во полиција го пријавила 27-годишната А.М.( од Карбинци која во моментот на хоророт била на местото на настанот.

Полицијата трага по несреќната девојка.

22.08.2014 - 11:54
Фото: 
24вести
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега