Црна статистика: За еден месец три двојни убиства ја потресоа Македонија

Три двојни убиства за само еден месец ја потресоа Македонија. Пред точно еден месец, на 22-ри јули во скопски Аеродром убиени беа две сестри, а убиецот 36-годишниот Игор С. во стан во Аеродром најпрво ја уби Наташа (34), а потоа и нејзината сестра Билјана (31). 

Второто двојно убиство се случи на 14-ти август во Вевчани кога со огнено оружје усмртени беа Владо П. (43) и Мате Ѓ. (23), откако 56-годишниот З.С. пукал кон нив. Во нападот повредени беа уште две лица.

Синоќешното двојно убиство во Охрид е третиот ваков регистриран случај за само еден месец. Триесет годишен охриѓанец, кој е во бегство, е осомничен дека со пиштол ги убил Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38), двајцата од Охрид. За овој случај полицијата уапси едно лице, а по осомничениот сторител се уште се трага.

Црната статистика на полицијата за овие дела не завршува тука. На почетокот на годинава регистрирано е уште едно двојно убиство во Чаир, Скопје.

На 19-ти јануари 53-годишниот Тахир Ш., по претходна расправија ги застрела соседите, татко и син, Алаедин  А. (57) и Мустафа А. (28). Убиецот беше приведен, а кај него беше пронајден и пиштол.

22.08.2014 - 11:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега