Го оставил без скршен денар - тешка кражба во ресенско

Уште една тешка кражба во Македонија. Во куќата во сопственост на А.М. засега непознат сторител извршил тешка кражба при што одзел разновиден златен накит, 5.000 шведски круни, 19.500 дански круни, 20 австралиски долари, 200 американски долари, 20 канадски долари, 200 евра и 700 евра.

Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што со употреба на подесен алат делувал на прозорот од куќата, влегол внатре и во неколку простории ги пронашол и одзел горенаведените предмети, по што го напуштил местото на настанот. 

22.08.2014 - 12:15
Фото: 
региоони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега