ФФМ: Од ФК Вардар се контрадикторни

 

Фудбалската федерација на Македонија повторно се јави со писмена реакција упатена на адреса на ФК Вардар.

Целиосниот текст од соопштението на ФФМ:

-Со оглед на Вашето денешно соопштение во кое го коментирате ставот кој Фудбалската федерација на Македонија го изнесе по повод обвинувањата на ФК Вардар дека нема еднакви услови за игра на стадионите во земјава, како и за некоректен однос кон ФК Вардар и мерките изречени за клубот, ФФМ со цел вистинито информирање на јавноста и покажување одговорност на секој субјект во рамките на своето делување, би сакале да го посочиме следното. 

Во Вашето денешно соопштение имате моменти на контрадикторност.

Во дописот стои „ФК Вардар не посочува кон МВР, бидејќи има стандарди и норми како МВР постапува, а тоа е преку спроведување на закони усвоени од страна на Собраниетона РМ“.

На официјалната пресконференција организирана од Ваша страна, Претседателот на ФК Вардар јавно посочи кон државната институција дека не ја извршува својата работа како што треба.

Во Вашиот допис стои „Федерацијата никогаш не превзема ниту една мерка како организатор на натпревар“. ФФМ не е организатор на натпреварите кои ги играат клубовите, улогата на организатор ја има клубот домаќин.

ФФМ ги почитува и поздравува напорите и вложувањатана ФК Вардар за развој на клубот и фудбалот во Македонија, но како управувачко фудбалско тело ќе продолжиме да постапуваме во согласност со правилниците усогласени со УЕФА и ФИФА и еднакво да се однесуваме кон сите учесници во системот на натпреварување на ФФМ.

Фудбалската федерација на Македонија изминативе две години на дело ја покажа својата транспарентност, отвореност и посветеност за вистинските фудбалски вредности.

Сметаме дека овој начин на комуникација не соодветстува со практиката на ФФМ и нема да продолжиме со ваков начин на комуникација. Фудбалската федерација на Македонија е отворена за секој предлог или идеја која ќе го подобри нашето фудбалско живеење и сите оние кои ги делат истите принципи се добредојдени во „Куќата на фудбалот“.

22.08.2014 - 15:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега