Проверете дали денеска ќе останете без струја

Без струја од 9 до 14 часот денеска ќе останат корисниците од селото Копаница. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија, пак, во понеделник од 8 до 13 часот ќе останат корисниците од реонот Голем Рид во Радишани, од 9 до 15 часот корисниците од село Грчец, од 8 до 10 часот дел од улица „Методија Патчев“ и улицата „Ратко Митровиќ“ во општина Аеродром, од 8 до 15 часот улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ и од 9 до 15 часот улица „Прашка“ во општина Карпош, и од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Волт Дизни“ и „Димче Мечето“ во општина Шуто Оризари. 

23.08.2014 - 10:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега