Во својот „Мерцедес“ криел двајца Албанци - стружанец превезувал мигранти

Вчера, во 07.30 часот на регионалниот пат Дебар – Маврово кај с.Рајчица, од страна на полициски службеници од сопрено било  патничко моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, при што во истото биле откриени двајца албански државјани на возраст од 55 и 56 години.

Против истите е поднесен соодветен поднесок поради нерегулиран престој и им е одредена мерка протерување од Р. Македонија. СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(15) поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „тешка кражба“.

Имено со намера за себе да прибави противправна имотна корист пријавениот во периодот од 12.08 до 14.08.2014 година извршил две тешки кражби на велосипеди на подрачје на Полициската станица „Аеродром“ на тој начин што и во двата случаи откако во влезовите од зградите ги забележал велосипедите, истиот со употреба на погоден алат и физичка сила го кршел бројчаникот со кој биле обезбедени велосипедите, по што ги одземал и без да биде забележан од никого напуштал лице место. 

23.08.2014 - 13:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега