За убиството во Пепелиште осомничен 38-годишен соселанец
38-годишниот С.В. од село Пепелиште-Неготино е осомничен за убиството на Вељо А. (86) од истото село во општина Неготино, кој беше пронајден мртов на селските гробишта.
Како што соопшти МВР, кривична пријава против С.В. поднесе денеска полициската станица Неготино во соработка со надлежното Обвинителство. Според наведеното во соопштението, убиството уследило по расправија поради неплатената услуга од страна на 86-годишниот Вељо. А.
- На 21 август од 12 до 13 часот пријавениот и сега починатиот Вељо А. (86) работеле заедно на засадување дрво на гробиштата во село Пепелиште. Откако Вељо не му платил на пријавениот за услугата, дошло до вербална расправија по што пријавениот земал метален ашов со дрвена рачка и го удрил сега починатиот неколу пати во пределот на телото и главата. Потоа, му го земал паричникот и одзел 1.000 денари по што заминал во непознат правец, се наведува во соопштението.
Пријавениот е изведен пред надлежен суд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа