Прилеп: Загина 22 годишно момче
Сообраќајна несреќа во која загина 22 годишен прилепчанец се случила синоќа на улицата „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп. Младиот Бојан Ц. управувајќи моторцикл „Хонда“ изгубил контрола, удрил во банкината од улицата и паднал. Од здобиените повреди прилепчанецот починал на лице место. На местото на несреќата извршен е полициски увид.
24.08.2014 - 10:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа