Влегол преку прозорец и украл што му дошло при рака - кражба во прилепско
Крадците не мирувале во прилепско. Во куќата сопственост на 40-годишниот С.Ф. непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел златен накит и пиштол марка „Аркус“.
Според податоците од полицијата тешката кражба била извршена на тој начин што со употреба на подесен алат крадцот влегол преку прозорец и во неколку простории извршил пребарување, а откако го земал златото избегал од местото на настанот.
Причинета е материјална штета од околу 40.000 денари.
24.08.2014 - 12:58
Фото:
евести
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа