ВИДЕО: Ќе ги следи ли малер? - црна мачка истрча на мечот Барса - Елче

Црна мачка во еден момент од натпреварот помеѓу Барселона и Елче се најде на теренот изненадувајќи ги сите на теренот и трибините. Сепак, обезбедувањето успеа навреме да ја тргне од теренот, а мачката доби овации.
Суеверните би рекле дека црната мачка е лош знак за Барселона, но сепак каталонскиот гигант без проблем вчера рутинирано славеше над Елче со 3:0. Два погодоци постигна Меси, а еден Ел Хадади.
25.08.2014 - 12:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа