Ди Марија во Манчестер Јунајтед ќе ја облече седумката?
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е многу блиску до остварување на трансферот на Ангел ди Марија од Реал Мадрид, откако во јавноста се појавија шпекулации дека најтрофејниот англиски клуб се согласил на сумата од 60 милиони евра за Аргентинецот.
Веќе на големо се пишува дека и новиот број на дресот кој што ќе го носи Ди Марија ќе биде легендарната седмица која што некогаш ја носеше Кристијано Роналдо, а пред него и Дејвид Бекам, Ерик Кантона, Брајан Робсон и Џорџ Бест.
25.08.2014 - 14:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа