Нов спортски храм - „Јане Сандански“ во среда ќе блесне во полн сјај

Скопје доби уште еден модерен спортски комплекс. Свеченото отворање на новиот спортски центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ ќе се случи во среда, а ќе биде пуштена во употреба арената, односно централната сала со капацитет од 6.500 посетители, како и хотелот „Русија“. Потоа ќе се отвори помошната спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.500 посетители, како и конгресниот центар. Дополнителните објекти ќе бидат пуштени до крајот на годината.

Во процесот на изградба на спортскиот центар учествуваа над 60 македонски компании, 5 странски, како и околу 1600 работници, а целиот проект беше завршен за 16 месеци.

Хотелот „Русија“ ќе располага со 61 соба и апартмани, од кои еден претседателски апартман, шест „супериор“, 28 еднокреветни соби, 12 „твин“ и 14 „дабл“ соби. Воедно хотелот ќе содржи спа центар и руф бар.

 

25.08.2014 - 15:23
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега